Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС и Институт отворено општество ФИООМ се наши постојани соаботници со кои заедно ги остваруваме целите и здачите. Подолу се кратки осврти за плодната соработка од Извршните директори на двете инстиуции.
Сашо Клековски
Македонски центар за меѓународна соработка МЦМС
Извршен директор
МЦМС со Центарот за ромска заедница „Дром“ соработува повеќе години во делот на подобрување на животот на Ромите, пред сè во образованието на младите. Во текот на оваа долгогодишна соработка „Дром“ се истакна со својата партиципативност, организираност и свест за постојано градење на сопствениот и на капацитетот на останатите. Исто така „Дром“ воспостави и успешна соработка со Локалната Самоуправа во Куманово. Активностите кои ги спроведува „Дром“ се од големо значење за ромската заедница, како и останатото население.
Верувајќи во посветеноста и капацитетот на „Дром“ за придонес во развојот на ромската заедница и заедницата воопшто, МЦМС сè уште ја поддржува организацијата. МЦМС му посакува на „Дром“ и во понатамошниот период да продолжи да дава позитивни резултати во својата работа, за доброто на сите граѓани во Македонија.
Владимир Милчин
Извршен директорИнститут отворено општество ФИООМ
Огромно е задоволството кога имам можност на овој начин да го изразам респектот за сето она што “ДРОМ” го постигна во десетте години од своето основање. На почеток, срдечни и пријателски честитки во има на Управниот одбор и вработените во Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, за сите оние кои го основаа “ДРОМ” и за сите оние кои придонесоа за постојаниот негов подем, за растењето и зреењето програмско и кадровско.
Работејќи претежно на тн. Ромски прашања, но не и исклучувајќи ги и другите важни социјални и политички прашања од интерес за невладиниот сектор, “ДРОМ” со храброста и умешноста која постојано се надградуваше, успеја од локална организација да прерасне во препознатлива и влијателна организација во Македонија и пошироко во регионот. “ДРОМ” е модел организација не само во ромскиот невладин сектор туку и генерално за невладиниот сектор во Македонија.
Проектите кои до сега ги спроведуваше “ДРОМ”, а кои беа финансирани од ФИООМ, се одликуваа со сериозна размисла и одбир на темата, одлично познавање и контакти на теренот, солидна имплементација и постојан растечки професионализам и на водечките луѓе на оваа организација но и на другите вработени. Една од карактеристиките по која се препознава работата и остварувањата на “ДРОМ” се и одличните комуникациски вештини кои се видливи и во досега одличната соработка со општина Куманово и многубројните организции од Куманово и Македонија.
“ДРОМ” од самиот почеток е активно вклучен во создавањето услови за креирање на условите за остварување на целите на Декадата на инклузија на Ромите во Македонија.
Она што досега го постигна “ДРОМ” (и неговите организации наследнички) е гаранција дека и натаму ќе биде еден од најагилните и нaјкреативните актери во невладиниот сектор кај нас кој ќе се вложи целосно во остварувањето на целите опфатени со формулата "Еднакви можности за сите"
Ви посакувам уште многу години исполнети со бројни успешни потфати и уште поголема видливост дома и во странство.
Скопје, 1 ноември 2007год,