Pic 1
корисни линкови
MK
EN
ROMA
 

“Информација – јавно знаење

 

Поседување на информатичкото образование во денешно модерно време на живеење стана главен предуслов потребен за вработување додека пак интернет сајтовите денес важат за синоним за богат извор со општи и тековни информации.


За таа цел Ц.Р.З.”ДРОМ” во период од март до август отвори канцеларија наменета за информатичко образование каде што ромските деца со незадоводителна економска состојба беа обучувани за основно компјутерско образование и истовремено стекнаа знаења и вештини за пребарување информации преку интернет.

Овие активности беа дел од проектот “Информација – јавно знаење “во чии што рамки беа вкупно опфатени:

  • - 110 ромски деца од кои 27 се од неформално образование кои ја посетуваа информатичката канцеларија во Ц.Р.З.”ДРОМ”;
  • - 65 деца кои учат во Основните Училишта во Куманово;
  • - 18 младинци кои волонтираат во Ц.Р.З.”ДРОМ”

  
Финансиер:
Фондација Е- Македонија

 

"Спротивностите се привлекуваат"

 

"Спротивностите се привлекуваат " е наслов на проектот кој Ц.Р.З. "ДРОМ" го имплементираше во смисла да се збогати интеракција на младите средошколци, како идни носители на општеството, со различна етничка припадност од Куманово.Во рамките на овој проект беа одржани вкупно 9 работилници и тоа: три социјални, три психолошки и три правни работилници.

45 те учесници на работилниците успешно се здобија со следниве карактеристики кои го градат мултиетничкото општество и тоа:

  • - Изграден пристап на мултиетничка толеранција како и развиен сенс за меѓусебно почитување на етничките пред се културни, јазични,телесни разлики;
  • - Искоренување на традиционалните предрасуди и стереотипи за одделна етничка заедница;
  • - Зголемен интерес за реализирање на мултиетнички едукативни активнсти;
  • - Зголемена одговорност и чувство на самодоверба;

   
Финансиер: CORDAID, TALDI од Босна и Херцеговина и Центар за граѓанска иницијатива Прилеп

 

"Ромски информативен центар"

 

Ц.Р.З. “ДРОМ” е активен поборник за поефикасно имплементирање на декадните активности во Р.Македонија. За таа цел се јавува потребата Ромските граѓани континуирано бидат информирани за тековните активности и можности.
Ц.Р.З. ”ДРОМ” за анулирање на овие потреби на својата целна група – Ромско население и во насока на полесно интегрирање и ажурирање на нивните права и обврски, во период од март до декември го имплементира проектот “Ромски Информативен Центар” во чија област се сервисирање на информации од четирите акутни домени на Декадата на Ромите: образование, здравство, домување и вработување.

Постигнати резултати:

  • - Полесен пристап до информации од страна на ромското население;
  • Давање услуги на ромското население, пишување на: молби, бaрања, изјави и сл;
  • - Добра комуникација и размена на информации помеѓу РИЦ и институциите за поголема помош на ромското население;
  • - Излегување на терен и прибирање на информации за фактичката состојба на ромската популација;
  • - Согледување на проблемите од резултатите добиени од анкетите од работа на терен;
  • - Информирано ромско население од сите области од Декадата на Ромите: вработување, образование, здравство и домување.

 

Финансиер: МТСП во партнерство со Ц.Р.З.”ДРОМ” Куманово

 

"Чекор поблиску до ЕУ и ЕУ фондови"

 

 
Ц.Р.З.”ДРОМ” во времетраење од 01 до 03 јуни и од 08 до 10 јуни одржа две одделни обуки во Охрид во кои беа анализирани условите и начините за подготовка на проектите наменети за европските фондови воедно беа презентирани и информации за осознавање на телата на Европската Унија.
На обуките учествуваа претставници на Координативното тело при Општина Куманово за Декада на Ромите составен од советници на Општина Куманово како и раководители на органи со јавни овластувања и претставници на повеќе НВОи.
Учесниците се здобија со:

  • Информации за претпристапните фондови на ЕУ;

- Знаења и вештини за аплицирање на ИПА фондови

 

Финансиер: ФИООМ - Скопје

 

“СТОП - СИДА”

Во рамките на овој проект се вршеше едукација од страна на тројца предходно обучени млади членови на Ц.Р.З. “ДРОМ “за превенција и заштита од сексуално преносливи болести.Проектните активности се движеа во рамките на:

  • - Дистрибуција на кондоми;
  • - Едукација на жени во репродуктивен период;
  • - Упатување на гинеколошки прегледи;

 

Финансиер: МИА - Скопје

 

"Комуникација со ценрална власт"

 

Ц.Р.З.”ДРОМ” користејќи го времетраењето на имплементацијата на Декадата на Ромите и со истовремена желба да се зголеми визибилитетот и влијанието на активностите превземени од истата, во период од јули до октомври го имплементира проектот насловен “Комуникација со централна власт” во чии рамки се превземени следните активности:

  • - Координативни состаноци со ромски НВОи;
  • - Средби со Министерства за здравство, МОН, МТСП и Министерство за финансии;
  • - Работилници на кои присуствуваа МОН, Министерство за здравство, Министерство за транспорт и врски и 5-те НВОи;

Активностите на проектот се дизајнирани на начин на кој требаше да се одговара на следниве потреби:

  • -Да се информираат ромските Невладини Организации на ниво на иплементирање на Декадата на Ромите;
  • -Да се подигне нивото на комуникација со централна власт;
  • -Да се создаде подобра соработка во иднина во врска со заеднички проекти и активности;

-Со реализирање на проектните активности Ц.Р.З.”ДРОМ” ги постигна следниве резултати:

  • -Постигнато солидно ниво на информираност на ромски НВОи за процесот на имплементација на Декада на Роми;
  • -Подобрен пристап до информации од страна на Министерствата и поголема комуникација со централн власт;
  • -Обезбедени предуслови за понатамошна соработка на заеднички проекти и активности;

 

Финансиер: МИА - Скопје

 

"Здраво дете – здраво општество"

 

Во рамките на овој проект беа вршени теренски едукации за важноста од вакцинирањето на децата и истовремено се дистрибуираа и брошури со информации за имунизација и последиците од заразни болести.


 Финансиер: Агенција за млади и спорт

 

"Гласот на ромската жена"

 

Проектот – театарска претстава “Гласот на ромската жена” е во тек на иплементација. Целта на претставата освен да се збогати културниот живот на Ромите во Куманово се имлементира со цел да се допринесе во областа на родова еднаквост во рамките на ромското и неромското население во Општина Куманово.

 

Проектот е финансиран од страна на Швајцарска програма за култура во Р.Македонија.

 

" Ромски Информативен Центар"
    

Проектот “Ромски Информативен Центар” е во тек на имплементација.
Цели на проектот се:

  • - Информирање на граѓаните од ромска заедница за остварување на практични потреби кои произлегуваат за брза интервенција одобласта:вработување, образование, домување, здравство како и човекови права;
  • - Давање на совети и насоки за остварување на своите поттреби;
  • - Месечни извештаи до МТСП и до “ДРОМ”;
  • - Месечни состаноци со претставници од Локална Самоуправа институции и НВОи.
  • - Состаноци на секои три месеци со координативно тело;
  • - Медиумска презентација за остварени активности;
  • - Лобирање за целосно спроведување на Акциони Планови од Декада на Роми на локално ниво;
  • - Изработка на проекти и програми поврзани со активностите на децентрализацијата и Декада на Ромите на локално ниво и заедничко

      изнаоѓање на фондови за истите;

Финансиер МЦМС - Скопје

 

"Инфо центар за  Декада на Ромите"

 

Проектот – Инфо центар за декада на Ромите е во тек на имплементација.
Цел на проектот е:

  • - Давање на информации кои ќе бидата од корист за ромската популација;
  • - Разрешување на проблеми преку проекти, програми и кампањи;
  • - Организирање на средби со координативното тело за време од една година за согледување на резултатите од Акциоиите планови и давање на идеи за нивно имплементирање;
  • - Штампање на билтен;

Финансиер: Амбасада на САД - Скопје

 

 

Донирајте денес!

Pic 2

 

Нашата работа зависи од вашите донации!

 

повеќе

“Информација – јавно знаење

"Спротивностите се привлекуваат"

"Ромски информативен центар"

"Чекор поблиску до ЕУ и ЕУ фондови"

“СТОП - СИДА”

"Комуникација со ценрална власт"

"Здраво дете – здраво општество"