Pic 1
корисни линкови
MK
EN
ROMA
 

“Образовен центар иднина на Ромите

 

Бидејќи повеќето од ромското население е сосема неписмено или пак се со неформално образование се наоѓа на маргините на општеството.Ц.Р.З. ДРОМ со цел развој на ромската заедница во сите сегменти проблемот започна да го решава од генезата и тоа градење на можности за оформување на образованието на неписмени лица со незавршено образование.Активностите од проектот “Образовен центар иднина на Ромите” беа концепирани на следниот начин:

  • Градинка за деца од предшколска возраст;
  • Описменување на лица кои воопшто не посетувале настава;
  • Дополнителни часови за деца кои одат во редовно училиште
  • Вонредно училиште од кое по завршувањето се добива свидетелство од Основното Училиште “11 Октомври”

Резултати од проектот се следните:

  • - 20 деца вклучени предучилишно образование;
  • - 15 описменети деца;
  • - 30 ученици кои завршиле второ одделение;
  • - 15 ученици кои завршиле четврто одделение;
  • - 10 ученици кои доаѓаат за дополнителни часови;

  
Финансиер:
UNICEF

 

"Децентрализација и Декада на Ромите во неа"

 

Декада на Ромите е процес во кој се јавува потребата на национално ниво да се имплементира и на локално ниво. Ц.Р.З.ДРОМ следеејѓи го дискурсот на Националната стратегија на Ромите со имплементација на проектот “Децентрализација и Декадата на Ромите во неа” успеа да изготви Оперативни и Акциони Планови на локално ниво кои се дел од годишната програмана Општина Куманово.

Со цел за поголемо влијание и ефикасност наактивностите од Декадата во рамките на проектот се вршеше и презентација во општини каде што има значителен број на ромско население со општа цел да се мотивираат субјектите за изготовка на Оперативни и Акциони планови во нивните општини.

   
   Финансиер: Финансиер ФИООМ, МЦМС, РПП - Будимпешта

 

"Обука низ работа на млади Роми"

 

Ц.Р.З.ДРОМ во период од февруари 2002 до мај 2006 година го имплементираше проектот насловен какк “Обука низ работа на млади Роми”.
Проектот опфаќаше обука на млади Роми преку чиракување (бела техника, козметика и масажа, сметковотство, болничари, пекари, слаткари и виљушкари)
Во рамките на овој проект вкупно 120 млади Роми се стекнаа со квалификација и преквалификација како дипломи од страна на работнички Универзитет – Професор Мијалковиќ.

 

   Финансиер: МРФП

 

"СТОП - СИДА "

 

Во рамките на овој проект се вршеше здравствена едукација од страна на тројца предходно обучени млади членови на Ц.Р.З. ДРОМ за превенција и заштита од сексуално преносливи болести.Проектните активности се движеа во рамките на:

  • - Дистрибуција на кондоми;
  • - Едукација на жени во репродуктивен период;
  • - Упатување на гинеколошки прегледи и бесплатни тестови за СПИ;

 

   Финансиер: МИА

 

“МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ОДИ НА УЧИЛИШТЕ”

 

На ден 29.08.2006година во период од 17 до19 часот пред платотот на Центарот за Култира “Трајко Прокопиев” во Куманово се одржа кампања под мотот “МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ОДИ НА УЧИЛИШТЕ”. Целта на кампањата е вклучување на поголем број ромски деца во редовните училишта. Кампањата беше организирана од UNICEF во соработка со Ц.Р.З. ДРОМ од Куманово.
Кампањата содржеше информации за потребните документи за запишување на децата во подготвителна година и во прво одделение во Основните Училишта, како и информации за местата и организациите каде можат да се обратат за конкретна помош.
По повод кампањата беше одржана манифестација на која зедоа учество децата кои се вклучени во програмските активности на Ц.р.з.ДРОМ. Во програмата беа опфатени повеќе литературни читања, РАП изведби како и рецитали од децата од предшколска група.

 

   Финансиер: UNICEF во партнерство со Ц.Р.З. ДРОМ       

 

"ЗАЕДНО ПОСИЛНИ"

 

Младински културен центар од Битола во партнерство со повеќе НВОи од Македонија изработи Закон за млади кој предходно не постоеше во Македонија. Кампањата беше финансирана од Европска агенција за реконструкција и Агенција за млади и спорт. Кампањата се одвиваше во повеќе градови низ државата и тоа:
- 08 јуни Струга – Охрид
- 09 јуни Куманово – Велес
- 10 јуни Прилеп – Битола
- 12 јуни Штип – Струмица
- 13 јуни Тетово - Гостивар

 

Ц.Р.З.ДРОМ беше партнер во кампањата која се одржа пред платото на Културниот дом “Трајко Прокопиев” на 09 јуни во Куманово.
На самата кампања се делеа брошури, налепници и сл едукативни материјали.

 

   Финансиер: ЕАР и Агенција за млади и спорт
Донатор: Eвропска агенција за реконструкција и агенција за млади и спорт

 

"Подршка за проектни активности - UNICEF"

 

Образованието е карактеристика на Ромите која треба континуирано да се надоградува со цел да се анулираат постоечките проблеми на ромското население во овој сегмент.
За таа цел во рамките на овој проект беа реализирани две програми од кои што првата програма го опфаќа. Социјален развиток на заедницата а се однесува на ромски деца од градот Куманово кои воопшто немаат посетувано образовна институција. Активности кои беа во проектот се:

  • Градинка за деца од предшколска возраст;
  • Описменување на лица кои воопшто не посетувале настава;
  • Дополнителни часови за деца кои одат во редовно училиште;
  • Вонредно училиште од кое по завршувањето се добива свидетелство од Основното училиште “11Октомври”

 Во рамките на втората програма на проектот Ц.Р.З:ДРОМ во соработка со О.У.11Октомври и UNICEF реализира програма “ Образование за сите” . Учениците кои беа вклучени во програмата беа поделени во три групи и тоа:

  • Ученици запишани во Прва година односно ( прво и второ одделение) од 09 до 18 год;
  • Ученици запишани во Прва година ( прво и второ одд.) чија возраст е над 24 год.
  • Ученици запишани во Втора година ( трето и четврто одделение) над 24 год.;

Со административна подршка Ц.Р.З.ДРОМуспешно ги реализира двете програми:

  • - 20 деца вклучени во предучилишно образование;
  • - 15 описменети деца;
  • - 30 ученици кои завршиле второ одделение;
  • - 15 ученици кои завршиле четврто одделение;
  • - 10 ученици кои доаѓаат на дополнителни часови;
  • - 45 лица вклучени во образовниот процес;

 

   Финансиер РПП Будимпешта, UNICEF

 

 

Проширена Еврпa – предизвик за НВО – и реалност за Локална Самоуправа"

 

Ц.Р.З.ДРОМ со цел вклучување и поттикнување на состојбата помеѓу НВОи и Локлната Самоуправа во изработка на Акциони планови на локално ниво за унапредување на ромската заедница во период на месец јуни одржа дводневен семинар на тема “Проширена Европа - предизвик за НВО и реалност за Локална Самоуправа”.
Резултати:

  • - Зголемено знаење на ромските НВОи и за значењето на ЕУ за Македонија;
  • - Развиени капацитети на ромски НВОи и за процесот на евроинтеграција;
  • - Транспарентност на евроинтеграцискиот процес;
  • - Подигнато ниво на ромската популација за потребите од евроинтегрирање;

   Финансиер Секретарјат за Европски Прашања и ГТЗ

  Партнерска организација КХАМ - Делчево

 

"Сите сме под едно сонце"
    

"Сите сме под едно сонце" беше насловот на проектот во чии рамки се истражуваше степенот за мултиетничи живот и и соработка помеѓу децата од Основноте Училишта.
Активности на проектот:

  • - Анкетирање на ученици од 7 – 8 одд. како и од I година од училиштата од Куманово;
  • - Семинар за ненасилна комуникација;
  • - Работилница на тема од семинарот;

Проектот се реализираше со цел за:
- Приближување на етничките разлики меѓу различни;

  • - Надминување на етничката нетрпеливост;
  • - Подготваност за дијалог;
  • - Размена на искуства;
  • - Делување врз своите врсници;
  •    Финансиер ИПК

 

"Студиска посета во Хрватска" - Загреб

 

Во времетраење од 18 до 23 август 2006 год. Ц.Р.З.ДРОМ го имплементираше проектот “ Студиска посета во Хрватска’ Загреб во чии рамки нашата организација ја посети НВО ЕОС од Хрватска.Оваа посета имаше големо влијание за градење на односите за почитување на културните разлики.
Овој проект доведе до следните конклузии:

  • - Ц.Р.З.ДРОМ со оваа студиска посета се стекна со знаење за пристапните фондови од ЕУ кои Македонија ќе почне да ги користи од 2007год.;
  • - Треба да се зголеми соработката со државните институции;
  • - Поголема соработка со НВО и Локална Самоуправа;
  • - Изработка на Акциони и Оперативни Планови како на национално така и на локално ниво;
- Изработка на програнми и проекти соЕОС за подобар живот;

 

Финансиер МЦМС и БЦСДН

 

"Жени претприемачки"

Проектот “ Жени претприемачки” се реализираше во две фази и тоа:

  • Вовед во бизнис – прва фаза
  • Подготовка на бизнис план – втора фаза

Активностите на проектот беа реализирани во форма на обуки со цел да се оспособаи и едуцираат жени Ромки за отпочнување на свој сопствен бизнис. Од вкупно 32 жени кои ги посетуваа обуките две од нив отворија свој бизнис.

 

Финансиер ФИООМ

 

"Образование за сите"

 

Ц.Р.З. ДРОМ во период од октомври 2006 – мај 2007год. во соработка со О.У.11Октомври и UNICEF реализираше програма “ Образование за сите”
Учениците беа поделени во три групи и тоа:

  • Ученици запишани во I година односно ( прво и второ одделение) од 09 до 18 години;
  • Ученици запишани во I година односно ( прво и второ одделение) со возраст над 24 години;
  • Ученици запишани во II година односно ( трето и четврто одд.) над 24 год.
Во рамките на овој проект беа опфатени вкупно 45 лица .

 

Финансиер UNICEF

 

Донирајте денес!

Pic 2

 

Нашата работа зависи од вашите донации!

 

повеќе

 

 

“Образовен центар иднина на Ромите

"Децентрализација и

Декада на Ромите во неа"

"Обука низ работа на млади Роми"

“СТОП - СИДА”

“МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ОДИ НА УЧИЛИШТЕ”

"ЗАЕДНО ПОСИЛНИ"

Проширена Еврпa – предизвик за НВО – и реалност за Локална Самоуправа"

"Сите сме под едно сонце"

"Студиска посета во Хрватска" - Загреб

"Жени претприемачки"

"Образование за сите"