"Образовен центар – Иднина на Ромите"
Овој центар ги опфаќа ромските деца од градот Куманово кои воопшто немаат посетувано образовна институција а имаат над 10 години. Во програмата се опфатени 20 деца кои по завршување и описменување се запишани во О.У.”11 Октомври” за продолжување на понатамошно школување со полагање на класови и добивање на сертификатти.
Финансиер UNICEF
"Центар за подршка на едукација “ВРАМА СИ” "
Примарна активност: Помош при пишување домашни задачи, подготовка за на час и изучување на македонски јазик за предшколските групи.
Секундарна активност: Курс по компјутери, екскурзии, посета на кино, театар, посета на ЗОО, ликовна работилница.
Цел: Да им се помогне на ромските ученици да потигнат подобри резултати во школо.Центарот ја игра улогата на втори родители, поради големиот процент на неписмени или полуписмени родители.Со децата работата едукатори и асистенти. При реализацијата остварувавме соработка со О.У.” Христијан Карпош”.
Финансиер ФИООМ
"Применето образование на млади Роми – летен камп"
Цел: Намалување на неписменоста со можност за вработување и подобрување на сосотјбата на младите Роми во Македонија.
Активност: Летен камп програма која трае три години и секоја година на крај се организира летен камп на ученици кои постигнаа одлични резултати во училиштето. Учество земаа деца од 15 училишта по пет од секое училиште вкупно 75, 15 професори кои во теот на програмата активно ба вклучени и посебно се истакнаа за имплементација на програмата како и 15 координатори на НВОи.
Локација: Охрид – Климентица
Финансиер МЦМС преку данска средношколска организација Operation Days и фондот Данида на Владата на Данска , преку данска црковна помош.
"СТОП – СИДА"
Цел: Програмата опфаќа врсничка едукација за СПИ и СИДА
Активности: Дистрибуција на кондоми и едукација на жени репродуктивен период, тренинзи зс врснички едукатори.
Финансиер МИА