"Обраовен центар – Иднина на ромите"
Овој центар ги опфаќа ромските деца од градот Куманово кои воопшто немаат посетувано образовна институција а имаат 10 години. Освен тоа има и две паралелкиза предшколска настава кадее се опфатени ромски деца од 3 – 6год. кои изучуваат македонски јазик. Во 2004 центарот бешер посетуван од 109 деца Роми
Финансиер Ц.Р.З.ДРОМ – Куманово
"Центар за подршка на едукација “ВРАМА СИ”"
Примарна активност: Помош при пишување домашни задачи, подготовка за на час и изучување на македонски јазик за предшколските групи.
Секундарна активност: Курс по компјутери, екскурзии, посета на кино, театар, посета на ЗОО, ликовна работилница.
Цел: Да им се помогне на ромските ученици да потигнат подобри резултати во школо.Центарот ја игра улогата на втори родители, поради големиот процент на неписмени или полуписмени родители.Со децата работата едукатори и асистенти. При реализацијата остварувавме соработка со О.У.” Христијан Карпош”.
Финансиер ФИООМ
"Применето образование на млади Роми"
Цел: Намалување на неписменоста со можност за вработување и подобрување на сосотјбата на младите Роми во Македонија.
Активност: Летен камп програма која трае три години и секоја година на крај се организира летен камп на ученици кои постигнаа одлични резултати во училиштето. Учество земаа деца од 15 училишта по пет од секое училиште вкупно 75, 15 професори кои во теот на програмата активно ба вклучени и посебно се истакнаа за имплементација на програмата како и 15 координатори на НВОи.
Локација: Охрид – Климентица
Финансиер МЦМС преку данска средношколска организација Operation Days и фондот Данида на Владата на Данска , преку данска црковна помош.
"МОЗАИК – истражување"
Цел: Проектот МОЗАИК е истражувачки проект во чии рамки опфаќа анкетирање на средошколците за нивниот став кон соученици од друга националност врз основа на податоци од анкетирањето се одржаа два семинара кои опфатија 50 средношколци од сите етнички групи кои живеат во Куманово. Зацртаните цели од овој проект го надминаа очекуваното, интересен заклучок е дека околоината врз младите има големо влијание врз нивниот општ став, кое е докажано во извршената анкета и од оджаните семинари.