"МЦМС НВО саем"
Локација – Скопје
Опис: Oрганизирање на национален превоз за учесници на саемот
Финансирано од: МЦМС Скопје, Ц.Р.З. ДРОМ имаше задача да го организира превозот за сите заинтересирани страни кои сакаат да земат учество за 3 НВО саем.
"Национaлна конференција за состојба на Ромите во Р.Македонија"
Локација – Скопје
Опис: Национална конференција за состојбата на Ромите во Р.Македонија и донесување заклучоци од 8 области кои ќе бидат презентирани на конференција во Будимпешта на 30 јуни – 1 јули 2003 год.
На конференцијата земаа учество преставници на власта како и претставници од ромски НВОи и политички партии.
Финансирано од: МЦМС Скопје, Светска Банка и Сорос фондација.
"Образовен центар – Иднина на ромите"
Локација Куманово
Овој центар ги опфаќа ромските деца од градот Куманово кои воопшто немаат посетувано образовна институција и имаат над 10 години.Освен тоа има и две паралелки за предшколска настава каде што се опфатени ромски деца од 3 – 6 години кои го изучуваат македонскиот јазик.Во 2003 центарот беше посетуван од 123 ромски ученици.
Финансирано од: Швајцарска и Канадска амбасада
"Центар за подршка на едукација “ВРАМА СИ”"
Примарна активност: Помош при пишување домашни задачи, подготовка за на час и изучување на македонски јазик за предшколските групи.
Секундарна активност: Курс по компјутери, екскурзии, посета на кино, театар, посета на ЗОО, ликовна работилница.
Цел: Да им се помогне на ромските ученици да потигнат подобри резултати во школо.Центарот ја игра улогата на втори родители, поради големиот процент на неписмени или полуписмени родители.Со децата работата едукатори и асистенти. При реализацијата остварувавме соработка со О.У.” Христијан Карпош”.
Целна група: 173 деца на возраст од 5 до 14 годинишна возраст од населбите Живкова карпа, Стари лојза и Бавчи.
Финансиер: ФИООМ
"Применето образование на млади Роми"
Локација – Куманово
Цел: Намалување на неписменоста со можност за вработување и подобрување на состојбата на младите Роми во Македонија.
Активност: Кусрсеви за професори што ќе овозможат вработување, екскурзии за ромски ученици со цел поголема мотивација за образование.Оваа програма траеше три години.
Финансиер: МЦМС преку данска средношколска организација Operation Days и фондот Данида на Владата на Данска , преку данска црковна помош.