Pic 1
корисни линкови
MK
EN
ROMA
 

Бегалски Комитет на Роми/ Ашкалии/Египќани


Локација Скопје – кампови, Катланово и Шуто Оризари. Гостивар. Тетово, Куманово

Цел: Директно инволвирање во активностите што се спроведуваа за бегалското прашање во Македонија на иницијатива дадена во 2000 год.
Активност: Информирање на сите бегалци за нивната ситуација, организирање состаноци, барање помош, залагање за едукација на ромските деца бегалци, развој на мрежата на комуницирање со бегалците од регионот.
Бегалскиот комитет е подржан од УНХЦР Скопје, OSCE мисија во Македониа, НВО Арка – Помош, РОШ од Шуто Оризари- Скопје. Сета активност е координирана во Ц.Р.З.ДРОМ – Куманово

Финансиер: OSCE ОДИХР Варшава

 


"Центар за подршка на едукација “ВРАМА СИ”"


Примарна активност: Помош при пишување домашни задачи, подготовка за на час и изучување на македонски јазик за предшколските групи.
Секундарна активност: Курс по компјутери, екскурзии, посета на кино, театар, посета на ЗОО, ликовна работилница.
Цел: Да им се помогне на ромските ученици да потигнат подобри резултати во школо.Центарот ја игра улогата на втори родители, поради големиот процент на неписмени или полуписмени родители. Со децата работата едукатори и асистенти. При реализацијата остварувавме соработка со О.У. ”Христијан Карпош”.
Целна група: 173 деца на возраст од 5 до 14 годинишна возраст од населбите Живкова карпа, Стари лојза и Бавчи.


Финансиер: ФИООМ

 

 

"Применето образование на млади Роми"

 

Локација Македонија
Цел: Намалување на неписменоста со можност за вработување и подобрување на состојбата на младите Роми во Македонија.
Активност: Кусрсеви за професори што ќе овозможат вработување, екскурзии за ромски ученици со цел поголема мотивација за образование.Оваа програма траеше три години.
Локација – Куманово
Финансиер МЦМС преку данска средношколска организација Operation Days и фондот Данида на Владата на Данска , преку данска црковна помош.
Дали е доволна љубовта
Опис: Мултиртнички проект за стопирање на дискриминацијата и нетолеранцијата кон Ромите и другите народи во Македонија со цел за креирање на патот за респектирање и заеднички соживот во мир и љубов. Проектот е реализиран во неколку градови низ Македонија и претставува продолжение на кампањата од 2001. За оваа кампања беше подготваба песна што се имитуваше по медиумите и беше распространета преку интернет низ светот. Кампањата беше увертира за свеченоро обележување на Светскиот ден на Ромите во светот 8ми АПРИЛ.

Финансиер: Пакс Кристи – Холандија

 

 

"Конференција - Образование на Ромите во Македонија"

 

Локација Скопје

Опис: Конференцијата е организирана во соработка со Министерството за образование и наука. На конференцијата се донесени заклучоци за неформално, предшколско, основно, средно, високо образование на Ромите. Сите активности беа следени од страна на медиумите.

Финансиер: ОСИ Roma Participation Program од Будимпешта.

 

"Машкар аменде"

 

Локација Македонија/ Куманово

Опис: Културно едукативен проект наменет за историјата, културата, јазикот и традицијата на Ромите со цел за негување на културните богатства на Ромите и зачувување на идентитетот. Проектот се реализира преку секојдневни средби и неделни предавања и трибини.Предавачи се Роми професори и истакнати ромски активисти. Младите Роми имаат можност преку библиотека која поседува видео, аудио, и пишан материјал да се запознаат со историјата и културата на Ромите.

Финансиер: Културна програма на СОРОС фондација од Будимпешта

 

 

"Неформално образование"

Опис: Проектот кој е во континуитет од три години опстојува за едуцирање на ромски деца кои се надвор од образовниот процес од низа причини. Овој центар поседува две простории за одвивање на настава од полето на предшколско образование.Проектот се одвива според програмата на Министерството за образование и наука во соработка со Работнички универзитет кој при крај на школска година ги спроведува полагањето на стекнатите знаења.
Целна група 80 деца


Финансиер: Канадска и Швајцарска Амбасада

 


"Информатор на Ц.Р.З. ДРОМ 1997 – 2002"

 

Локација Македонија
Опис: Публикуван материјал за активностите на ДРОМ од своето постоење до денес. Информаторотр дава конплетни информации за развојот на организацијата, нејзините активности и реализирани проекти со цел за информирање на јавноста на Македонија и надвор од неа. Информаторот е подготвен на три јазици: Македонски, Албански и Ромски.

Финансиер МЦМС – Македонски центар за меѓународна соработка и СОРОС – Рома Партиципатион Програм Будимпешта

 

 

"Одлуката е твоја"


Опис: Публикување и дистрибуирање на брошури, емитување аудио материјал. публикување едукативен материјал во дневни весници, дистрибуирање мајци и пенкала за Парламентарните избори во Македонија 2002.
Цел: едуцирање, пред се на ромската популација за начинот на гласање.


Финансиер: Пакс Кристи - Холандија

 


"Национален тренинг за ромски локални медијатори"


Локација: Македонија

Финансиер: OSCE ODIHR Варшава - Roma and Stability pact in South Eastern Europe

 

 

"Состанок за бегалското прашање на ромите на балканот"


Локација: Македонија

Финансиер: OSCE ODIHR Warsawa - Roma and Stability pact in South Eastern Europe

 

 

Донирајте денес!

Pic 2

 

Нашата работа зависи од вашите донации!

 

повеќе