Pic 1
корисни линкови
MK
EN
ROMA
 

"Хуманитарна помош за бегалци"


Активност: Дистрибуирање на помошво храна на семејствата, школски прибор и финансиски средства за ученици Роми, Срби бегалци.
Целна група: 50 семејства и 10 ученици за финасиска подршка.
Локација: Куманово и Миладиновци

Финансиер: Каритас Есен Скопје

 

 

"Куклена претстава"

Активност: Ромски културен едукативен центар ДАРХИЈА Скопје изведоа тетарска престава за Ромските деца.
Локација: Куманово
ФЕНИКС
Активност: Неформално образование за Ромски деца на возраст од 7 до 14 години. Преку рекреативни, едукативни и забавни програми се овозможи на децата полесно прилагодување кон училишните обрврски.
Целна група: 55 Ромски ученици (деца бегалци од Косово, деца од сиромашни семејства).
Локација: Куманово

Финансиер: Италијанска организација Чезви преку канцеларија на ЕКО.
Реализација: ЦРЗ “ДРОМ” Kumanovo .

 

 

"Иднината на Ромите-неформална едукација"

Цел: Главна цел на проектот е описменување, изучување на македонскиот јазик и здраствена едукација.
Целна група: Проектот опфати 80 Ромски деца кои се поделени во четири групи. Тоа се деца од сиромашни фамилии, деца повратници од Европа, деца бегалци и деца од улица. Беа опфатени деца на возрсат од 6 до 14 години.
Локација: Куманово

Финасиер: Сојуз на Евреи во партнерство со "Романо диалог"од Швајцарија, Швајцарска и Канадска амбасада.

 

 

"Ромско влијание врз политика и практика во Областите на Централна и Источна Европа"

Проект спроведен во партнерство на ромски организации. Активностите на ДРОМ во проектот беа координирани од главната партнерска организација Ромски Центар Скопје.

Финансириер и ностител на проектот: Група за малцински права МРГ од Лондон - Англија

 

"Чекор напред-Курсеви по информатика"


Целна група: 80 лица-Роми, Македонци, Срби, Албанци од различна возраст, времено раселени лица поради војната во Македонија. Проектот овозможи стекнување на занење во работа со компјутери и развој на меѓуетничка толеранција.
Локација: Куманово


Финансиер: ARC-American Resque Commite Most-Куманово и RPP - Roma Participation Program.

 

"Сите различни сите еднакви и Мултимедијалнo ЦД Информатор на ДРОМ"


Активност
: Проект за меѓуетничка толеранција, спроведен во градовите низ Македонија Скопје, Велес, Прилеп, Делчево, Штип, Струмица, Кочани и Куманово. Во рамките на проектот реализиран во чест на интернационалниот светски ден на Ромите 8ми Април беше реализирана тркалезна трибина и културна манифестација на која беше промовиран мултимедијалниот ЦД Информатор на ЦРЗ "ДРОМ".
Локација: Македонија


Финансиер: Пакс Кристи - Холандска организација и РПП Будимпешта.

 

"НВО Саем На првиот НВО саем во Скопје организиран од МЦМС"


ЦРЗ Дром учествуваше со презентација на своите активности.
Локација: Скопје


Финансиер: ФИООМ и ЦРЗ ДРОМ.

 

"Ромите во воени и кризни ситуации"


Активност: Тркалезни маси посветени за воената криза на Балканот и Македонија и позицијата на Ромите.
Целна група: Претставници од Владата, ромски политички партии, невладини организации, ромски лидери од Европа (Рома Натионал Конгресс и Интернационална Ромска Унија). Тркалезните маси се дел од проектот Ромите и Пакт за стабилност во Југоисточна Европа.
Локација: Македонија


Финансиер: ОСЦЕ ОДИХР Варшава, во соработка со ОСЦЕ мисија Македонија, Совет на Европа и Општина Шуто Оризари.

 

"Ромите и Уставот на Македонија"


Активност: Во Македонија беше потпишан Рамковниот договор при што Ромите не беа вклучени и со тоа немаа јасна слика за овој документ. Тркалезната маса на која зедоа учество проф. Ѓорѓи Иванов, проф.Тања Петрушевска, ромски адвокат шабан Салиу, градоначалник Неждет Мустафа, Мирче Томовски, новинар, Ален ле Роа посредувач-претставник на Европската унија и ромски претставници придонесе за согледување на правата на Ромите во новиот Устав.
Неограничен мир
Активност: Кампања за толеранција, меЃуетничка соработка и отворен дијалог со владините институции.
Реализатор: ЦИВИЛ - Скопје Донатор: Пакс Кристи Партнер: ЦРЗ ДРОМ

 

"Тренинг за локални медијатори"


Цел: Ромски активисти и бегалци од Балканот да се стекнат со знаења за работа во своите земји како локални медиатори.
Целна група: 23 уесници од Босна и Херцеговина, Србија со Војводина, Црна Гора, Косово, Хрватска и Македонија. Проектот е реализиран преку проектот Роми и Стабилити Пакт во Југоисточна Европа.
Локација: Скопје Финансиер: ОСЦЕ ОДИХР Варшава и Совет на Европа преку Европската комисија, во соработка со ЦРЗ-ДРОМ и Романи Крисс Румунија и ОСЦЕ мисија Македонија.

 

 

Донирајте денес!

Pic 2

 

Нашата работа зависи од вашите донации!

 

повеќе