18.07.2008 Ц.Р.З. “ДРОМ” започна со првата активност на проектот “Комуникација со централна власт2”
Центар за Ромска Заедница “ДРОМ” сакајќи да обезбеди доследност и континуитет на Декадата на Ромите ја истакнува важноста на информирање, соработка и следење на превземаните декадни активности од страна на централната власт, односно од страна на ресорните министерства: Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Министерство за транспорт и врски, Министерство за здравство и Министерство за финансии.
За таа цел НВО “ДРОМ “со финансиска поддршка од Швајцарска Амбасада и ФИООМ во тек e имплементација на проектот “Комуникација со централна власт2”, во период од мај 08 – фебруари 09.
Целта на проектот е јакнење и интегрирање на Ромите во главните општествени и економски текови на Р.Македонија преку дефинирање на основните правци и методи за имплементација на Декада на Роми, односно подобрување на нивото на информираност на Ромски НВОи за процесот на имплементирање на Декада на Роми, подобрување на нивото на комуникација со централната власт како и создавање услови за понатамошна меѓусебна соработка на заеднички проекти и активности.
Од целиот проект се очекува да се постигне солидно ниво на информираност на Ромските НВОи за процесот на имплементација на Декада на Роми, за да се подобри пристапот до информации од страна на Министерствата и поголема комуникација со централна власт и да се обезбедат предуслови за понатамошна соработка на заеднички проекти и активности.
На 18.07.2008год Ц.Р.З. “ДРОМ” започна со првата активност на проектот, прв работен состанок со НВОи институции и меѓународни организации, со цел да се согледаат приоритетните проблеми на Ромското население и нивно потенцирање при креирање на политиките на ресорните министерства.
На состанокот од страна на претставници на одредни министерства беа истакнати предвидени идни активности на ресорните министерства за имплеметирање на Акционите и Оперативните планови од Декадата на Ромите, како и давање на препораки и насоки за идно превземање на декадните активности.
27.06.2008 Стручни курсеви за млади Роми од Куманово
Меѓународната Организација за Миграции (IOM – International Organization for Migration) во партнерство со невладината организација ЦРЗ “ДРОМ“ Куманово организираше стручни курсеви за млади Роми од Куманово на возраст од 18-36 години. Курсевите се одржуваа во текот на месеците мај и јуни 2008 год. во просториите на Работничкиот Универзитет “Кочо Рацин“ Скопје и ги опфатија областите фризери, сервисери за бела техника и пекари.
При изборот на кандидати предност за посетување на курсевите им беше дадена
на лицата кои имаат ниско ниво на приходи по член на семејство, нискоквалификувани
жени и самохрани родители. Од пријавените кандидати беа избрани 30 лица
од Куманово кои ги исполнуваа критериумите.
Кандидатите редовно ја посетуваа наставата и покажаа добри резултати.
Сите 30 избрани кандидати успешно ги завршија курсевите и се стекна со
валидна диплома од Работничкиот Универзитет “Кочо Рацин“ Скопје. Со овие
дипломи тие имаат можност за пријавување во Агенцијата за вработување
во Куманово, а со тоа истовремено им се зголемуваат можностите за нивно
вработување.
Активностите во проектот кој се спроведува од страна на ИОМ и ЦРЗ “ДРОМ“
ќе продолжат понатаму од септември 2008 год. со организирање на бизнис
курсеви и други активности кои се планирани во рамките на проектот.
17-18.04.2008 Учество на конференција во Брисел
Извршниот директор на ЦРЗ „ДРОМ“ Куманово - Ахмет Јашаревски учествуваше на конференцијата „Развој на граѓанското општество во Југоисточна Европа: Ја градиме Европа заедно“ кој се одржа на 17 и 18 април 2008 год. во Брисел. Целта на конференцијата беше да им понуди на граѓанските организации од ЕУ земјите и земјите од регионот за проширување можност за вмрежување и градење на партнерства како и ширење на информации помеѓу актерите во граѓанскиот сектор за финансиската поддршка за развојот на граѓанското општество под ИПА (Инструмент за претпристапна помош) и други програми на ЕУ. Конференцијата беше отворена од страна на Комесарот за проширување – Оли Рен, а меѓу учесниците на конференцијата беа Џорџ Сорос – основач на Институтот Отворено Општество, Јанез Поточник – Комесар за наука и истражување, високи претставници на граѓански организации и европски институции.
Фокусот беше на граѓански организации кои работат на следните четири области: добро управување и демократизација, човекови права, социјално вклучување / развој и образование, заштита на средината и одржлив развој.
На вториот ден од конференцијата се одржа следните 3 работилници:
Работилница 1: Инструментот за претпристапна помош (ИПА): неговиот придонес во развојот на граѓанското општество во Југоисточна Европа
Работилница 2: Ефективно водење на кампања: од изнаоѓање на средства до мониторинг и евалуација, работење со медиуми
Работилница 3: Воспоставување на деловни врски: изнаоѓање на стратешки партнери
Буџетот за периодот 2008-2010 година изнесува 130 милиони евра од кои околу 90 милиони евра се за Западен Балкан, а 40 милиони евра се за Турција.
Во рамките на ИПА 2008-2010 за Албанија се предвидени 4.9 милиони евра за поддршка на граѓанско општество и медиуми.
Во рамките на ИПА програмата за 2008 год. за Босна и Херцеговина има 3.5 милиони евра за повик за предлог проекти, за Хрватска има 1 милион евра по повик за предлог проекти, а за Македонија за договор за услуга има 0.3 милиони евра и за договори за грант има 1 милион евра.
Во рамките на ИПА програмата за 2009 год. за Црна Гора има 1.2-3 милиони евра за договори за грант.
Во рамките на ИПА 2008-2010 за Србија се предвидени 3–12 милиони евра за поддршка на дијалог и партнерство помеѓу српските власти и граѓанското општество.
Во рамките на ИПА програмата за 2008 год. за Косово (под UNSCR 1244) има 0.7 милиони евра за повик за предлог проекти, а предвидена е и дополнителна помош од 1 милион евра.
Во рамките на ИПА 2008-2010 за Турција се предвидени 30–45 милиони евра за зајакнување на дијалог со граѓански организации.


11 04 2008 Одбележување на 8 ми aприл "РНВО Рома 2002"
Мрежата на невладини организации РНВО Рома 2002 и оваа година ја продолжи својата традиција на свечено одбележување на Светскиот ден на Ромите - 8ми април со пригодна свеченост. Традиционално, РНВО Рома 2002, почнувајќи од 2005 година го одбележува Светскиот ден на Ромите 8ми април. Во оваа пригода мрежата, заедно со клучните актери во државата, дискутираa во однос на постигнувањата и предизвиците во ромската заедница.
8мо-априлските награди годинава беа доделени на најистакнатите субјекти посветени на работа на прашањата на Ромите во три категории – животно дело, институција и поединец.
Наградата за животно дело му припадна на г-дин Реџеп Реџеповски, исткнат спортист-боксер.
Наградата за институција годинава ја прими г-дин Сашо Клековски во име на МЦМС.
Со голема чест РНВО Рома2002 наградата за истакнат субјект му ја додели на г-дин Рамадан Берат, постар асистент за ромски прашања во мисијата на ОБСЕ.

08 04 2008 Одбележување на 8 ми aприл "ОБСЕ"
На 8ми април ОБСЕ организираше настан по повод одбележување на Светскиот ден на Ромите. Настанот се одржа во Општина Куманово (Сала за состаноци), а со цел промоција на соработката и дијалогот помеѓу локалната самоуправа и невладиниот сектор.
На настанот земаа збор г-дин Зоран Дамјановски - градоначалник на Куманово, г-дин Бернард Сегара - шеф на секторот за градење на доверба, г-дин Ашмет Османовски - Ромски советник во Општинскиот совет кој го презентираше извештајот за Ромската заедница и г-дин Ахмет Јашаревски – извршен директор на Ц.Р.З. “ДРОМ” Куманово.

08 04 2008 Одбележување на 8 ми aприл "ХАНГО"
По повод 8ми април Светскиот ден на Ромите, Здружение на граѓани “Ханго” организираше трибина под мотото Ромите низ времето и цивилизацијата со цел запознавање на Ромите со својата култура, обичаи и идентитет.
Трибината се одржа на 8ми април 2008 во просториите на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” Куманово и на неа присуствуваа 80 граѓани меѓу кои и претставници од НВОи, институции, општина Куманово, средни и основни училишта, политички субјекти.
На трибината збор земаа г- дин Љатиф Демир кој имаше презентација за историјата, традицијата и напредокот на Ромите низ вековите како и г-дин Ахмет Јашаревски, извршен директор на Ц.Р.З. “ДРОМ” Куманово. Излагањето на г-дин Јашаревски се состоеше од презентација на Акционите Планови од Декадата на Ромите кои беа усвоени на локално ниво. Воедно тој ги истакна проблемите со кои најчесто се соочува ромското население и даде препораки како полесно да се надминат истите.

21/22 03 2008 Учество на манифестацијата "Денови на пријателство"
Г-дин Ахмет Јашаревски, извршен директор на Ц.Р.З. “ДРОМ” Куманово учествуваше на манифестацијата “Денови на пријателство” која се одржа на 21 и 22 март 2008 година во Скопје, Тетово и Охрид под покрoвителство на Претседателот на Република Македонија, г-дин Бранко Црвенковски.
На манифестацијата се дискутираше на следните теми:

МАКЕДОНСКАТА МУЛТИЕТНИЧНОСТ
ПРЕДИЗВИК НА СЕГАШНОСТА И ИДНИНАТА
УЧЕСНИЦИ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА