ЦРЗ "ДРОМ" Куманово

Roma culture
Признанија Признанија Признанија Признанија Признанија Признанија Признанија
Добродојдовте на официјалната вебстрана на ЦРЗ ДРОМ

2009

01.03.2010

Проекти


Комуникација со Централна Власт 2”

 

Центар за Ромска Заедница “ДРОМ” - Куманово сакајќи да обезбеди доследност и континуитет на „Декадата на вклучување на Ромите 2005-2015” ја истакнува важноста од информирање, соработка и следење на превземените декадни активности од страна на централната власт, го имплементираше проектот „Комуникација со Централна Власт 2” во период од мај '08 - февруари '09

Целта на проектот беше јакнење и интегрирање на Ромите во главните општествени и економски текови на Р.Македонија, преку дефинирање на основни правци и методи за имплементација на Декада на Роми, односно подобрување на нивото на информираност на Ромските НВО-и за процесот на имплементирање на „Декадата на вклучување на Ромите 2005-2015”. Подобрување на нивотото на комуникација со централната власт како и создавање услови за понатамошна меѓусебна соработка на заеднички проекти и активности.

 

Финансиер: Швајцарска Амбасада во Р. Македонија и Фондација Институт Отворено Општество – Македонија  .


"Ромски информативен центар"

 

Ц.Р.З. “ДРОМ” е активен поборник за поефикасно имплементирање на декадните активности во Р.Македонија. За таа цел се јавува потребата Ромските граѓани континуирано бидат информирани за тековните активности и можности.
Ц.Р.З. ”ДРОМ” за анулирање на овие потреби на својата целна група – Ромско население и во насока на полесно интегрирање и ажурирање на нивните права и обврски, во период од 01.01.2009 до 31.12.2009 год до  го имплементира проектот “Ромски Информативен Центар” во чија област се сервисирање на информации од четирите акутни домени на Декадата на Ромите: образование, здравство, домување и вработување.

 Финансиер: МТСП во партнерство со Ц.Р.З.”ДРОМ” Куманово

 

„Роми Ментори“


            Главната цел на проектот „Роми ментори“ е да се поврзат експертите на ромската култура со училиштата и НВО –те или центрите на заедниците, за да се обезбедат промени во самосвеста и будноста на децата. Да го зголемат нивното знаење за ромската култура и да им обебедат на децата можности да уживаат во контактите со експертите.
Една од НВОи кои се вклучени во проектот е и Центар за ромска заедница “ДРОМ“ кој обебедува логистичка подршка во проектот односно целосно опремена училница како и наставник волонтер кој има искуство во работата со деца. Менторската настава е предвидена по 6 часа месечно во периодот на една школската година. Учениците кои се опфатени во менторскита настава се на возраст од 12 – 14год.
Носител на проектот е Ромски културен и едукативен центар “Дархија“ и истиот ќе се имплементира од семпремви 2008год. – јуни 2009год.

 

Финансиер: Ромски културен и едукативен центар “Дархија“

 

 

 

„Преку едукација до намалена     дискриминација

 

Од март 2009 до август 2009 Центар за Ромска Заедница “ДРОМ“ го имплементација на проектот „Преку едукација до намалена дискриминација“

 Целта на проектот е: Еманципација на жената Ромка, подигната свест за нејзините права, посебно  на  релација брак – семејство.

Идејата за реализирање на еден ваков проект произлезе од проблемот кој се јавува кај Ромите, најчесто кај жените а тоа е предвремено стапување во брак кој потоа се рефлектира  во образовниот процес со напуштање на училиштето а потоа и во  делот вработување.

 

Финансиер: OSCE во парнерство со Ц.Р.З. „ДРОМ“

 

 

 

„Социјално вклучување и пристап до човекови права на Роми , Ашкалии и Еѓипќани, заедниците во Западан Балкан“

 

 

 

Целта на проектот е давање на директна подршка на Ромското население преку посредување и вадење на лична документација, со финансиска сретства наменети за таксите кои се потребни за да извадат истите како и бесплатна правна помош, согласно целите на проектот.

Проектот се имплементирање во времетраење од јануар 2009 до декември 2009.

 

Финансиер: Информативен Центар Граѓанско Општество

 

 

 

„Ромска култура на веб портал“

 

 

Целта на проектот е креирање на веб портал чија со цел е да ја запознае популацијата на Република Македонија и пошироко за Ромската традиција и култура.

Проектот се имплементира во период од септември 2009 – ноември 2009 до одржливост до 01.09.2010год.

Финансиер: Европски Културен Фонд

 

„Кој сме? Што сме?“

 

 

        Проекот ќе се реализира  во времетраење од 01.10.2009 – 01.03.2010год. Долгорочна  цел е интеграција на Ромите во сите свери на општеството.

Проектот во себе содржи театарска престава  со наслов “КОј сме што сме“.

Целта на оваа претставата е да се пријаже животот на Ромите со ставање на акцент на правото на избор.

 

Финансиер: ОСИ – Будимпешта

 

 

Човекови права – база за локален  економски развој

 

 

 

Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата „Заеднички вредности” од Скопје  во соработка со невладините организации: Перспектива од Скопје, Милениум од Врапчиште, Дром од Куманово и Рекански Бисер од Маврово и Ростуше го спроведуваат проектот „Човекови права – база за локален  економски развој”. Проектот е финансиран од Европска унија.

Целта на проектот е остварување на човековите права и подобрување на меѓуетничките односи низ имплементација на Стратегиите за локален економски развој во насока на побрза интеграција на Република Македонија  во Еврпската унија.

 

Финансиер: Европска комисија


Активности



10.01.2009год.Печатење на флаери како дел од проектот „заедно кон иста цел“ финансиран од страна на Владата на Р.Македонија.

 

Во јануари 2009год беа испечатени и флаери со содржина од работилницата, наслов на проектот и резултатите. Испечатени се 300 флаери од кои 100 на Македонски јазик, 100 на Ромски и 100 на Албански јазик. Флаерите се поделени по О.У. во Куманово , институциите и Локалната Самоуправа.

Флаерите се со цел да се подигне свеста на учениците во О.У.во Куманово и да се намали бројот на конфликти помеѓу младите од различни етнички заедници.

 

06.02.2009год.Средба со бизнис секторот во просториите на РИЦ – Куманово.

 

               На 06.02.2009год.во просториите на Ромски информативен центар го посетија преставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенција за вработување Скопје како и Агенција за вработување Куманово.

         На состанокот беа поканети 15 приватни фирми од Куманово кои имаат потреба од вклучување на нов персонал.

         Целта на состанокот беше информирање за тековната програма за чиракување на Роми по приватни фирми со што би се намалил и бројот на социјални случаи во градот. РИЦ – Куманово во наредниот период ќе работи за информирање на граѓаните и фирмите за оваа програма.

 

01.03.2009год. Ц.Р:З.„ДРОМ“започна со имплементација на проектот „Преку едукациија до намалена дискриминација“.

 

Од месец март центар за ромска заедица „ДРОМ“ започна со реализација на проектот „Преку едукација до намалена дискриминација“ финансиран од страна на OSCE. Проекот ќе биде во времетраење од 6 месеци поточно од март 2009 – септември 2010.

Целта на овој проект е подигната свест на жените Ромки за нивните права, особено правото за семејно планирање. Цели на проектот се: Да се намали дискриминацијата на жената Ромка во нејзиното семејство; Едукација на жените Ромки за користење на контрацепција; намакен број од предвремени бракови и несакан бременост;

 

13.03.2009год. Организирање на кампања „НЕ СИ ИГРАЈ СО ИДНИНАТА“

 

На 13.03.2009год. во просторите на Центар за култура „ Трајко Прокопив“ во Куманово се одржа јавна трибина “Зошто ни требаат фер и демократски избори“. Трибината беше организирана од страна на Здружение на граѓани “ОХО” во партнерство со Центар за Ромска заедница „ДРОМ“ – Куманово и неколку партнерски организиации од други градови низ државата како дел од проектот „Не си играј со иднината“, финанисиран од страна на Национален Демократски Институт “НДИ”.

Целта на оваа трибината беше да се вложат дополнителни  напори за да следните претседателски и локални избори поминат во фер и демократска атмосфера.

 

01.04.2009год. Ц.Р.З.„ДРОМ“започна со теренска едукација како дел од проектот „Преку едукација до намалена дискриминација“.

 

Од 01.04.2009год.Ц.Р.З. „ДРОМ“започна со теренска едукација како дел од проектот „Преку едукација до намалена дискриминација“.Теренската едукација ке биде во времетраење од април до септември 2009год. Во теренската едукација ќе бидат опфатени Ромки на возраст над 14год и истата ќе се врши во сите Ромски населби во Куманово.За време на едкацијата ќе бидат делени предгодно подготвени флаери кои всушност претставуваат и мал водич за заштита од несакана бременост.

 

14.04.2009год.Информирање на населението за легална емиграција ви Европсаката Унија.

 

На 14.04.2009год. РИЦ – Куманово организираше средба за инфомирање и консултацции за процедурите и можностите за легална миграција во Европската Унија, Швајцарија, УСА, Канада, Нов Зеланд и Австралија.

На средбата учествуваше претставник од Миграцискиот Сервисен Систем за полесно да се информира населението во врска со условите како и директно  да им се помогне на одредени лица кои имаат ваков тип на проблеми.

На средбата учествуваа 30 лица од населбите Средорек и Бавчи и истите беа информирани за:

  1. Ø      Постапката за добивање на виза;
  2. Ø      Услови за вработување и животни услови;
  3. Ø      Студирање во странство;
  4. Ø      Имиграциони програми;
  5. Ø      Миграциски права и подршка;
  6. Ø      Спојување со семејство;

Можности за реинтеграција за повратниците

 

25.04.2009год.  Работилница на тема „Преку едукација до  намалена дискриминација.

 

На 25.04.2009год. во просториите на Ц.Р.З.„ДРОМ“се одржа работилница со 30 млади Роми (15 машки и 15 женски) на возраст на 14год како дел од проектот „ Преку едукација до намалена дискриминација“ финансиран до страна на OSCE.

Целта на оваа работилница е младите Роми отвоено да разговааат за двојната дискриминација на жената Ромка, влијанието на семејството врз младите Ромки, патријахалните сваќања како и за правата која треба да ги има жената Ромка.Воедно на оваа работилница беше разговарано и за значењето на контрацепција, видови на контрацепција и незина употреба.

 

30.04.2009год.Имунизациаја во просториите на РИЦ Куманово и Ц.Р.З. „ДРОМ“.

 

На 30.04.2009год. во просториите на Ромскиот Информативен Центар – Куманово се изврши имунизација против заушки за деца кои не биле опфатени во овој процес.РИЦ Куманово даде логистичка подржка во делот информирање на лицата кои требаа да примат вакцина и овозможи просторија каде што стручните медицински лица можеа да ја извршат имунизацијата.












Ромски информативни центри | Билтени