2000
09.01.2010"Невладина работна група за бегалско прашање"
Активност:
Формирање невладина работна група од неколку организации: Ромски Центар
Скопје, Каритас Есен Скопје, Здружение за правата на Ромите од Штип,
Информативен центар за граѓански права, Ромски културен центар
"ДАРХИЈА" Скопје и ромски активист и интелектуалец Елвис Али. Оваа
невладина работна група за бегалското прашање спроведе анкета за сите
бегалци од Косово во Македонија.
Цел:
Добивање релаватни информации за нивните мислења за сегашнава
ситуација, нивните барања, образование и број на бегалци. (Во анкетата
беа опфатени Роми, Ашкалии и Египќани)
Локација: Македонија
Финансиер: ОСЦЕ ОДИХР Варшава во соработка со ОСЦЕ мисија Скопје и УНХЦР Скопје.
"Образование на Ромски деца"
Целна група:
100 Ромски деца поделени во две групи на возраст од 5 до 15 години од
посиромашните ромски семејства. Во групата за предшколско образование
се опфатени деца чии семејства не се во можност да ги поднесат
трошоците, а во групата за дополнително образование деца кои го
прекинале школувањето или го немаат започнато.
Локација: Куманово
Финансиер: РПП-Будимпешта, Еврејска организација од Швајцарија, Романо Диалог од Швајцарија, МПДЛ од Шпанија и ЕКО.
"Ромски интернет клуб"
Активност: Mеѓуетнички односи преку средби и користење на Интернет услуги.
Локација: Куманово
Финансиер: ИРЦ
"Инфраструктура-канализација во должина од 268 метри"
Цел: Подобрување на животните услови во населбата Средорек
Локација: Ромска населба Средорек, Куманово
Финансиер: Канадска влада со поддршка на општина Куманово, а спроведено во соработка на ИРЦ, КХАМ и МЗ Средорек.
"Бегалски права и нивната информираност"
Цел: Бегалците од Косово да добијат правна, социјална, здравствена и хуманитарна помош.
Реализација: Невладина работна група
Локација: Македонија
Финасиер: ОСЦЕ ОДИХР Варшава и ФИООМ.
"Вашиот глас"
Активност:
Изработка на брошура и филм за локалните избори во Македонија.
Брошурата е поделена низ градовите во Македонија, а филмот е прикажан
на 18 ТВ станици во Македонија.
Локација: Македонија
Финансиер за брошурата: ОСЦЕ ОДИХР Варшава и ОСЦЕ мисијата во Македонија Финансиер за филмот: ИТЗ Институт за Трајни заедници.
"Учество на претставниците на Ромските НВО на изборите како набљудувачи"
Цел: Информирање во врска со локалните избори во Македонија и локалните избори во Албанија.
Локација: Македонија и Албанија
Финансиер: ОСЦЕ ОДИХР Варшава
"Другарување"
Цел: Ослободување на бегалците од психолошките потешкотии и развивање на пријателство.
Локација: Бегалските кампови во Македонија.
Финансиер: МПДЛ од Шпанија и ЕКО.
"Соработка помеѓу ромските заедници"
Активност: Меѓународна конференција на која учествуваа млади лидери од 20 Ромски организации од Европа.
Локација: Хрватска и Македонија Финансиер: Институтот Отворно Опшество Хрватска
Реализација: ДРОМ во партнерство на Хрватска Унија на Роми
"Цело е кога има се"
Активност:
Кампања за промоција на општите вредности, взаемното разбирање, мирот и
стабилноста во Македонија. Кампањата беше прифатена позитивно од сите
национални структури.
Локација: Македонија/Куманово
Финансиер: МЦМС.
"Подобрување на животните средини во Ромските населби"
Цел: Воведување на канализација, водовод и обезбедување на контејнери за смет.
Локација: Ромските населби во Куманово
Финансиер: МПДЛ-Движење
за мир, разоружување и слобода од шпанија во соработка со ЕКО,
ИРЦ-Интернационален комитет за спас, во соработка со Општина Куманово,
Јавно претприајтие Водовод, ЈП Чистота и Зленило и Хуманитарна Ромско
Женска организација КХАМ, Месна зедница Средорек.






