ЦРЗ "ДРОМ" Куманово

Roma culture
Признанија Признанија Признанија Признанија Признанија Признанија Признанија
Добродојдовте на официјалната вебстрана на ЦРЗ ДРОМ

2008

09.01.2010

Како дел од проектот на 30.12.2008год во просториите на Центар за ромска заедница „ДРОМ“ реализиравме еднодневна работилница на која учествуваа 15 ученици од локалните училишта во Куманово од кои 5 Македонци, 5 Албанци и 5 Роми. Оваа работилница беше со цел учениците да се запознаат со некои правата, социолошките и психолошките вештини. Работилницата ја водеа еден правник и еден психолог.
Воедно целта на работилницата беше учениците да комуницираат меѓу себе, подобро да се запознаат со своите обичаи и култура како и да го зголемат чувството за толеранција.

Финанисер: Влада на Р. Македонија


Подобрување на трудовите вештини и подобрување на можностите за вработување на Роми преку

Меѓународната Организација за Миграции( ИОМ – International for Migration)
во партнерство со НВО Ц.Р.З.ДРОМ Куманово и Ромски информативен центар – Куманово организираше бесплатни стручни курсеви за Роми од Куманово на возраст од 18 – 36 години

  1. Органзирање на стручни курсеви ( фкизери, пекари и бела техника);
  2. Тренинг на работно место (бравари - производство на ПВЦ прозори,бравари на производи од железо,шнајдери и фризери).
Во склоп на проектот беа реализирани следниве активности:
  • Предавање на тема ,,Стоп трговија со луѓе и миграција ,,на која имаа земено 26 учесника од курсистите –предавач беше претставник од ИОМ ,
  • Следеа дополнителна пракса во септември месец на курсисти кои покажаа интерес од продолжување на практичниот дел за 22 работни дена во приватната фирма Моделино за 8 курсисти фризери и 6 курсисти бела техника која се одржи во просториите на Работнички Универзитет од Куманово во ноември месец.
  • Обука за,, Бизнис вештини,, на кои беа вкупно 36 учесници (21- курсисти и 15 корисници од трениг на работно место ) обуките ги вршеа претставници од ЗГ,,Отворен мултикултурен универзитет,, Прилеп.
  • ,,Обука за компјутери –основен курс ,,на истиот беа пријавени 27 лица од курсисти и од лица на тренинг на работно место курсот е спроведен во траење од месец дена .
  • Поделена опрема на 43 лица кои успешно ги завршија курсевите и лицата кои беа на тренинг на работно место кои ке им користат по стекнатите квалификации.
Фризери 12 (опрема за фризери)
бела техника 11 (опрема за бела техника)
пекари 9 (опрема за пекари)
шивачи 5 ( 1 машина за шиење )
бравари 6 (опрема за бравари-ковано железо)

  • Обука ,,Како до сопствен бизнис,, каде ИОМ и ДРОМ во партнерство со Агенцијата за вработување од Куманово преку свој претставник одржа едноденвно предавање во на областа како да се започне сопствен бизнис ,изработка на бизнис план и како да се дојде до кредитна линија која се дава преку Влада на Р.М. а е во имплементација преку агенција за вработување во висина од 3000 евра.
Финансиер: Меѓународната Организација за Миграции ИОМ во партнерство со Ц.Р.З„ ДРОМ“


05.11.2008 "Комуникација со Централна власт 2" Втор работен состанок

Центар за Ромска заедница ,,ДРОМ,, реализирајќи ги активностите во рамките на проектот ,,Комуникација со Централна Власт 2,, на 5-ти Ноември 2008 год. одржа средба со градоначалникот на Општина Куманово, г-дин Зоран Дамјановски и со министерот без ресор, г-дин Неждет Мустафа. Целта на овој состанок беше да се увиди актуелната состојба со ромската заедница во Куманово, досегашната ипмлеметација на Локалните Акциони Планови (ЛАП) на ,,Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015,, како и идни планови за имплементација на истите.


28.10. 2008 Програма за изградба на нови спомен - обележја во Општина Куманово.

Комисијата на Советот на Општина Куманово за изготвување на Предлог – програмата за одбележување на значајни настани и личноста на спомен – обележја во Општина Куманово, формирана со Одлука на Советот на Општина Куманово, освен што изготви преглед на веќе изградени спомен – обележја на подрачјето на Општината, презеде повеќе активности за обезбедување предлози за програмските содржини за изградба на нови спомен – обележја на значајни настани и личноси кои согласно закон, имаат локално општинско значење.
Врз основа на пристигнатите предлози од сите заинтересирани субјекти и иницијативи за изградба на спомен – обележја со оваа Програма се утврдени повеќе предлози меѓу кои и предлогот на Ц.Р.З.“ДРОМ“.
Ц.Р.З. “ДРОМ“- Куманово предложи подигање на спомен - биста на Рушит Шакири борец на III – та Македонска ударна бригада.
Овој предлог беше усвоен со подршка на г-дин Ашмет Османовски Советник во Општина Куманово.


"Инфо центар за Декада на Ромите"

Проектот – Инфо центар за декада на Ромите е реализиран од 1.10.2008 – 1.10.2009 год.
Цел на проектот е:
• Давање на информации кои ќе бидата од корист за ромската популација;
• Разрешување на проблеми преку проекти, програми и кампањи;
• Организирање на средби со координативното тело за време од една година за согледување на резултатите од Акциоиите планови и давање на идеи за нивно имплементирање;
• Печатење на билтен;
Финансиер Амбасада на САД - Скопје


„Роми Ментори“

Главната цел на иницијативата на Роми ментори е да се поврзат експертите на ромската култура со училиштата и НВО –те или центрите на заедниците, за да се обезбедат промени во самосвеста и будноста на децата. Да го зголемат нивното знаење за ромската култура и да им обебедат на децата можности да уживаат во контактите со експертите.
Носител на проектот е Ромски културен и едукативен центар “Дархија“ и истиот ќе се имплементира од семпремви 2008год. – јуни 2009год.
Една од НВОи кои се вклучени во проектот е и Центар за ромска заедница “ДРОМ“ кој обебедува логистичка подршка во проектот односно целосно опремена училница како и наставник волонтер кој има искуство во работата со деца. Менторската настава е предвидена по 6 часа месечно во периодот на една школската година. Учениците кои се опфатени во менторскита настава се на возраст од 12 – 14год.

Финансиер: Ромски културен и едукативен центар “Дархија“


"Ромски информативен центар"

Ц.Р.З. “ДРОМ” е активен поборник за поефикасно имплементирање на декадните активности во Р.Македонија. За таа цел се јавува потребата Ромските граѓани континуирано бидат информирани за тековните активности и можности.
Ц.Р.З. ”ДРОМ” за анулирање на овие потреби на својата целна група – Ромско население и во насока на полесно интегрирање и ажурирање на нивните права и обврски, во период од март до декември го имплементира проектот “Ромски Информативен Центар” во чија област се сервисирање на информации од четирите акутни домени на Декадата на Ромите: образование, здравство, домување и вработување.

Постигнати резултати:
  • Полесен пристап до информации од страна на ромското население;
  • Давање услуги на ромското население, пишување на: молби, бaрања, изјави и сл;
  • Добра комуникација и размена на информации помеѓу РИЦ и институциите за поголема помош на ромското население;
  • Излегување на терен и прибирање на информации за фактичката состојба на ромската популација;
  • Согледување на проблемите од резултатите добиени од анкетите од работа на терен;
  • Информирано ромско население од сите области од Декадата на Ромите: вработување, Образование, здравство и домување.
Финансиер: МТСП во партнерство со Ц.Р.З.”ДРОМ” Куманово


23.09.2008 Проект “Роми Ментори”

Главната цел на иницијативата на Роми ментори е да се поврзат експертите на ромската култура со училиштата и НВО –те или центрите на заедниците, за да се обезбедат промени во самосвеста и будноста на децата. Да го зголемат нивното знаење за ромската култура и да им обебедат на децата можности да уживаат во контактите со експертите.
Носител на проектот е Ромски културен и едукативен центар “Дархија“ и истиот започна да се имплементира од септември 2008год.
Една од НВОи кои се вклучени во проектот е и Центар за ромска заедница “ДРОМ“ кој обебедува логистичка подршка во проектот односно целосно опремена училница како и наставник волонтер кој има искуство во работата со деца. Менторската настава е предвидена по 6 часа месечно во периодот на една школската година. Учениците кои се опфатени во менторскита настава се на возраст од 12 – 14год.
Во септември 2008год се одржаа две средби по 3 часа со учениците. Средбите ги води ментор вработен во МТСП и наставник Ц.Р.З.“ДРОМ“.


20.10.2008 “Гласот на жената Ромка”

ЦРЗ “ДРОМ” Куманово го имплементираше проектот “Гласот на Ромската жена”. Како дел од проектот на 20.10.2008 година, во Македоскиот Народен Театар- Скопје се одигра претставата “Сцени од реалниот живот” режија, сценарио и актер Санела Емин, на представата играа: Главниот лик на претставата реално ја прикажува двојната дискриминација на жената Ромка, како во семејството така и во општеството. Во претставата играа: Санела Емин, Ферди Сејфула, Емран Куртисова, Енис Ахмед, Фарија Амет, Адем Ибраимовв, Атринез Зија.


06.09.2008 Организирање на креативна работилница

Во просториите на Ц.Р.З.”ДРОМ” се одржа креативна работилница иницирана од страна на студенти од Јапонија на која учествуваа 16 деца од улица на возраст од 5 до 13год. На оваа работилница преку игри, цртежи и песни студентите и децата се запознаа за меѓусебната култура, обичаи и традиција. Секоја година просториите на Ц.Р.З. ”ДРОМ” ги посетуваат студенти од Јапонија кои имаат активности со ромските деца.


18-19 09 2008 Изборен предмет – Ромски јазик и култура во Основните Училишта во Куманово

Во просториите на Ц.Р.З.ДРОМ се одржа состанок со претставниците од ромските НВОи, институции, локална самоуправа и Влада на Р.Македонија со цел да се согледаат можностите кои ги нудат Основните училишта за изучување на Ромскиот јазик и култура како изборен предмет.
Наставата е предвидена да започне со почетокот на школска година и еден од критериумите е што поголем дел од ромските деца доброволно да го прифатат изборниот предмет Ромски јазик и култура, за да може да се формираат паралелки и успешно да се реализира предвидениот наставен план.


Средба во Општина Куманово
Средбата беше организирана од страна на г –дин Миле Стојменовиќ вработен во Л.С. во секторот за образование, иницирана од страна на советникот во Л.С. г –дин Ашмет Османовски, претставници на ромски НВОи и политички партии.
На состанокот беа присутни повеќе директори на Основни Училишта во Куманово.
На состанокот беа доделени следните одлуки:

- Да се организираат родителски средби во Основните Училишта со цел да се информираат родителите за изборниот предмет и неговото значење.

- Основните Учлилишта да подготват изјави кои ќе бидат потпишани од страна на нродителите.

- Да се преговара со МОН и биро за развој на образование поради малиот одзив нa деца за изборен предмет со цел да се формираат паралелки со помалку од 15 ученици, фузирање паралелки од 3 и 4одд. каде што ќе има услови.


17-18.04.2008 Учество на конференција во Брисел

Извршниот директор на ЦРЗ „ДРОМ“ Куманово - Ахмет Јашаревски учествуваше на конференцијата „Развој на граѓанското општество во Југоисточна Европа: Ја градиме Европа заедно“ кој се одржа на 17 и 18 април 2008 год. во Брисел. Целта на конференцијата беше да им понуди на граѓанските организации од ЕУ земјите и земјите од регионот за проширување можност за вмрежување и градење на партнерства како и ширење на информации помеѓу актерите во граѓанскиот сектор за финансиската поддршка за развојот на граѓанското општество под ИПА (Инструмент за претпристапна помош) и други програми на ЕУ. Конференцијата беше отворена од страна на Комесарот за проширување – Оли Рен, а меѓу учесниците на конференцијата беа Џорџ Сорос – основач на Институтот Отворено Општество, Јанез Поточник – Комесар за наука и истражување, високи претставници на граѓански организации и европски институции.

Фокусот беше на граѓански организации кои работат на следните четири области: добро управување и демократизација, човекови права, социјално вклучување / развој и образование, заштита на средината и одржлив развој.

На вториот ден од конференцијата се одржа следните 3 работилници:
Работилница 1: Инструментот за претпристапна помош (ИПА): неговиот придонес во развојот на граѓанското општество во Југоисточна Европа
Работилница 2: Ефективно водење на кампања: од изнаоѓање на средства до мониторинг и евалуација, работење со медиуми
Работилница 3: Воспоставување на деловни врски: изнаоѓање на стратешки партнери

Буџетот за периодот 2008-2010 година изнесува 130 милиони евра од кои околу 90 милиони евра се за Западен Балкан, а 40 милиони евра се за Турција.

Во рамките на ИПА 2008-2010 за Албанија се предвидени 4.9 милиони евра за поддршка на граѓанско општество и медиуми.
Во рамките на ИПА програмата за 2008 год. за Босна и Херцеговина има 3.5 милиони евра за повик за предлог проекти, за Хрватска има 1 милион евра по повик за предлог проекти, а за Македонија за договор за услуга има 0.3 милиони евра и за договори за грант има 1 милион евра.

Во рамките на ИПА програмата за 2009 год. за Црна Гора има 1.2-3 милиони евра за договори за грант.

Во рамките на ИПА 2008-2010 за Србија се предвидени 3–12 милиони евра за поддршка на дијалог и партнерство помеѓу српските власти и граѓанското општество.

Во рамките на ИПА програмата за 2008 год. за Косово (под UNSCR 1244) има 0.7 милиони евра за повик за предлог проекти, а предвидена е и дополнителна помош од 1 милион евра.

Во рамките на ИПА 2008-2010 за Турција се предвидени 30–45 милиони евра за зајакнување на дијалог со граѓански организации.


11 04 2008 Одбележување на 8 ми aприл "РНВО Рома 2002"

Мрежата на невладини организации РНВО Рома 2002 и оваа година ја продолжи својата традиција на свечено одбележување на Светскиот ден на Ромите - 8ми април со пригодна свеченост. Традиционално, РНВО Рома 2002, почнувајќи од 2005 година го одбележува Светскиот ден на Ромите 8ми април. Во оваа пригода мрежата, заедно со клучните актери во државата, дискутираa во однос на постигнувањата и предизвиците во ромската заедница.

8мо-априлските награди годинава беа доделени на најистакнатите субјекти посветени на работа на прашањата на Ромите во три категории – животно дело, институција и поединец.

Наградата за животно дело му припадна на г-дин Реџеп Реџеповски, исткнат спортист-боксер.
Наградата за институција годинава ја прими г-дин Сашо Клековски во име на МЦМС.
Со голема чест РНВО Рома2002 наградата за истакнат субјект му ја додели на г-дин Рамадан Берат, постар асистент за ромски прашања во мисијата на ОБСЕ.


08 04 2008 Одбележување на 8 ми aприл "ОБСЕ"


На 8ми април ОБСЕ организираше настан по повод одбележување на Светскиот ден на Ромите. Настанот се одржа во Општина Куманово (Сала за состаноци), а со цел промоција на соработката и дијалогот помеѓу локалната самоуправа и невладиниот сектор.

На настанот земаа збор г-дин Зоран Дамјановски - градоначалник на Куманово, г-дин Бернард Сегара - шеф на секторот за градење на доверба, г-дин Ашмет Османовски - Ромски советник во Општинскиот совет кој го презентираше извештајот за Ромската заедница и г-дин Ахмет Јашаревски – извршен директор на Ц.Р.З. “ДРОМ” Куманово.


08 04 2008 Одбележување на 8 ми aприл "ХАНГО"

По повод 8ми април Светскиот ден на Ромите, Здружение на граѓани “Ханго” организираше трибина под мотото Ромите низ времето и цивилизацијата со цел запознавање на Ромите со својата култура, обичаи и идентитет.

Трибината се одржа на 8ми април 2008 во просториите на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” Куманово и на неа присуствуваа 80 граѓани меѓу кои и претставници од НВОи, институции, општина Куманово, средни и основни училишта, политички субјекти.

На трибината збор земаа г- дин Љатиф Демир кој имаше презентација за историјата, традицијата и напредокот на Ромите низ вековите како и г-дин Ахмет Јашаревски, извршен директор на Ц.Р.З. “ДРОМ” Куманово. Излагањето на г-дин Јашаревски се состоеше од презентација на Акционите Планови од Декадата на Ромите кои беа усвоени на локално ниво. Воедно тој ги истакна проблемите со кои најчесто се соочува ромското население и даде препораки како полесно да се надминат истите.


21/22 03 2008 Учество на манифестацијата "Денови на пријателство"

Г-дин Ахмет Јашаревски, извршен директор на Ц.Р.З. “ДРОМ” Куманово учествуваше на манифестацијата “Денови на пријателство” која се одржа на 21 и 22 март 2008 година во Скопје, Тетово и Охрид под покрoвителство на Претседателот на Република Македонија, г-дин Бранко Црвенковски.

На манифестацијата се дискутираше на следните теми:

* Македонската мултиетничност – предизвик на сегашност и иднината
* Толеранција, дијалог и ненасилство
* Мултиетничност и мултикултура – Европски вредности на РМ
* Образовниот систем и мултикултурата во РМ

На манифестацијата присуствуваа Претседателот Бранко Црвенковски, г-дин Суад Мисини, проф. д-р Љубомир Фрчковски, г-дин Ким Мехмети, проф. д-р Ратомир Гроздановски, г-дин Африм Таир, г-дин Сашо Ордановски, амбасадори, претставници на невладини организации, ученици од средните училишта и други.


Извештај од презентацијата организирана од ЦРЗ ДРОМ по повод јубилеј

По повод десет годишниот јубилеј, Центар за ромска заедница ДРОМ организираше презентација во Хотел Куманово. На презентацијата беа поканети повеќе Невладини Организации од државата, представници од институции, Локална Самоуправа, фондации и медиуми.

Прославата се одржа со цел пошироката јавност да се запознае со активности кои ЦРЗ ДРОМ ги имаше реализирано во изминатите десет години како и резултатите кои ги има постигнато. За почетоците на ЦРЗ ДРОМ искуствотот, позитивните примери како и добиените награди во изминатиот период зборуваше извршниот дирекор на ЦРЗ ДРОМ Г-дин Ахмет Јашаревски кој воедно додели и благодарници на фондации, поединци и институции кои дале свој придонес во работата на организацијата.












Ромски информативни центри | Билтени